Посебна контрола на промена на сопственоста на лизинг-компаниите

Bez autora
Aug 11 2013

Министерот за финансии да дава согласност за промена на сопственичката структура и за капиталот на лизинг-компаниите во земјава, предвидуваат измените во Законот за финансискиот лизинг, кои наскоро треба да се најдат пред пратениците. Измените го пролонгираат за 90 дена и рокот за усогласување на компаниите со претходните измени, кои бараа зголемувањето на основната главнина на компаниите соодветно на износот на побарувања од склучени договори. Ресорот предлага да се одложи рокот за да се заштитат корисниците на лизинг бидејќи доколку се одземат дозволите на неусогласените друштва, ќе треба да ги отплатат предметите земени на лизинг. Законот се менува со цел подобро регулирање на работењето на давателите на финансиски лизинг, јакнење на стабилноста на пазарот и на сигурноста на клиентите.

Посебна контрола на промена на сопственоста на лизинг-компаниитеМинистерот за финансии да дава согласност за промена на сопственичката структура и за капиталот на лизинг-компаниите во земјава, предвидуваат измените во Законот за финансискиот лизинг, кои наскоро треба да се најдат пред пратениците.

Измените го пролонгираат за 90 дена и рокот за усогласување на компаниите со претходните измени, кои бараа зголемувањето на основната главнина на компаниите соодветно на износот на побарувања од склучени договори. Ресорот предлага да се одложи рокот за да се заштитат корисниците на лизинг бидејќи доколку се одземат дозволите на неусогласените друштва, ќе треба да ги отплатат предметите земени на лизинг. Законот се менува со цел подобро регулирање на работењето на давателите на финансиски лизинг, јакнење на стабилноста на пазарот и на сигурноста на клиентите. Лизинг-компаниите велат дека не се запознаени со предложените промени во законот, но дека ваквите законски решенија не се непознати во практиката во нашиот регион.

Министерството за финансии објаснува дека според постојниот закон во постапката за издавање дозвола за основање лизинг-компанија се доставува листа на сопственици и извори на капиталот со цел при издавањето на дозволата да се оцени соодветноста на основачите и на капиталот.

„За разлика од ваквото решение, за идните промени на основачите и на капителот, надлежниот орган нема овластување да ги оцени сопственичката структура и изворите на средства. Со тоа се овозможува на пазарот на лизинг да настанат значајни промени за кои надлежниот орган не се произнел. Поради тоа, а со цел да се зајакне стабилноста, се предлага надлежниот орган да дава согласност и за промена на сопственичката структура и на капиталот на давателите на финансиски лизинг“ - стои во предлог-измените на законот.

Ресорот предлага и пролонгирање на рокот за усогласување на компаниите со последните измени за да ги заштити корисниците на финансиски лизинг во земјава.

- Практиката покажа дека поголем дел од давателите на финансиски лизинг не се во можност да го направат потребното усогласување во утврдениот рок, особено во поглед на зголемувањето на основната главнина соодветно на износот на побарувања од склучени договори. Поради тоа, има потреба од утврдување нов рок за усогласување и за уредување на постапката за усогласување, со што ќе се овозможи непречено функционирање на пазарот и ќе се заштитат корисниците на финансиски лизинг доколку се одземат дозволите на неусогласените друштва – се вели во образложението.

Лизинг-компаниите велат дека предложените измени не се непознати во практиката, во нашиот регион каде што регулаторите за финансиски друштва се уште порестриктивни и навлегуваат во детали, дури и од кадровска, организациона и од деловна природа.

Првата лиценца за лизинг во Македонија издадена од Министерството за финансии во 2002 година ја има „НЛБ лизинг“.

- Целата законска регулатива во овој домен ажурно се почитува и се применува, а предложените измени нема да влијаат врз работењето на компанијата, која е 100 проценти усогласена со последните измени во Законот на лизингот - вели Маја Лапе-Трајкова од „НЛБ лизинг“

Инаку, Министерот за финансии ќе ги оценува и квалификацијата и искуството на предложените членови на органот на управување, економско-финансиската состојба на основачот и реалноста на програмата за работа и проекцијата на финансиските извештаи. Ресорниот министер ќе може да го одбие барањето доколку уплатената основна главнина е помала од законски пропишаната, ако постои сомневање во легалноста на изворите на средства за уплата на основната главнина, ако финансиската стабилност и ликвидноста на основачот е нарушена и вложувањето во основната главнина не е соодветно на економско-финансиската состојба на основачот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik